Loading Video...
Фудбал
16. May 2021 - 19:22

Заврши домашното првенство, Шкендија шампион Вардар второлигаш

Со одигрувањето на последното коло завршија возбудувањата во домашното фудбалско првенство. 
Шкендија одигра 1-1 со Шкупи во Тетово и го започна официјалното славје на новата шампионска титула. Мечот беше во прекин  поради влегувањето во стадион  на навивачите, а и покрај забраната поради пандемијата имаше  публика на трибините.  Мечот потоа се доигра. 
Во Кратово значајна победа за Струга ТЛ од 1-0 против домашниот  Силекс со што  стружани за првпат се пласираа во фудбалска Европа.  Единствениот гол беше всушност автогол на Благојевиќ.
Вардар со пораз од 2-0 од Македонија ЃП  се прости од прволигашката конкуренција и во следната сезона за првпат во својата историја официјално ќе игра во Втората лига. 
Лавовите забележаа пирова победа со головите на Петров и Божиновски  и останаа без европски настап.  
Пред стадионот свое шоу имаа навивачите на Вардар комитите кои  се простија од првата лига со  пораката , Прва, Втора , Трета, Вардар засекогаш. 
Да потсетиме дека комитите  први му помогнаа на својот миленик со собирање средства да ја надмине лошата финансиска состојба и да го доигра првенството.