Заврши амандманската расправа за Предлог буџетот за 2018 година
Комисијата за финансирање и буџет два дена пред крајниот рок ја заврши амандманската расправа по Предлог буџетот за 2018 година и од вкупно 279 амандмани поднесни од опозицијата усвои шест од кои четири од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не беа присутни на денешната седница.
Од четирите амандмани од ВМРО-ДПМНЕ два се целосно прифатени, а два се изменети во делот на финасирањето.
Комисијата ги прифати амандманите за субвенции за печки на пелети, за ТИРЗ во Куманово, за изградба на колекторски систем во Неготино, за решавање на проблемот со депонијата во Струга и за изградба на детски парк во скопско Нерези.
По завршувањето на амандманската расправа во Комисијата Предлог буџетот повторно се враќа на разгледување во Владата по што ќе биде ставен на собраниска седница.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност