Завршен настан од проектот за стратешки развој на руралниот туризам
Што е рурален туризам, како да се пронајдат насоките за стратешки развој на оваа гранка, дали и колку институциите се координирани и усогласени кога ги креираат и носат политиките во руралниот развој и туризмот, кои се ставовите на сопствениците на капацитетите во руралните средини, се само некои од прашањата на кои одговор треба да даде денешнот завршен настан од проектот „Стратешкиот развој на руралниот туризам - основа за комплементарно поврзување и надополнување на индустриската политика и одржливиот развој на Македонија“.
Настанот насловен „Стратешкиот развој на руралниот туризам доволно познат и применлив или не?“ го организира Рурална коалиција, а ќе учествуваат претставници на министерствата за земјоделство и за економија.
На настанот ќе бидат презентирани мапата со над 60 капацитети кои делуваат во руралните средини, како и веб-понудата на капацитети во руралните средини.
Ново на Сител
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона