Македонија
19. јуни 2021 - 17:47

Затвореник пронајден мртов во затворот во Крива Паланка

М.Ј. (58) од село Старо Нагоричане кој отслужувал казна во затворот „Кшање“, бил пронајден мртов.

Случајот е пријавен ноќеска, во 02:45 часот, во Полициската станица Крива Паланка.

М.Ј. бил пронајден во отвореното затворско одделение, а по насока на Јавен обвинител неговот тело е дадено на обдукција.