Македонија
12. December 2019 - 12:57

Затвореник од „Диво Насеље“ и дал телефонски разговори за случајот „Монструм“ на Фатиме Фетаи

Затвореникот од „Диво Насеље“, Шефхет Халачи, комуницирал од затворската ќелија преку мобилен телефон со поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи на 19 јуни оваа година.

Обвинителката Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм“ ги предаде материјалите добиени од Халачи на Судот, а се во врска со телефонски разговори за случајот „Монструм“. Халачи ѝ рече на Фетаи дека истото досие го испратил и до Ел Чека.

Дел од разговорите се тврди сека се комуникација помеѓу Али Ахмети и лицето Н.Н. како и помеѓу Орце Камчев и Оливера Трајковска.