Македонија
14. October 2019 - 16:59

Затвореник и избега на затворска полиција

Затвореник од КПУ Идризово избега при транспорт додека службениците од затворска полиција си купувале сендвичи. 38 годишниот Фидан Асани не употребил многу сила за да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи немал лисици на рацете.

Враќајќи се од комплексот клиники каде го носеле на закажан лекарски преглед, стражарите застанале да појадуваат од сендвичарница кај средното училиште Михајло Пупин. Затвореникот ги оттурнал службениците и избегал во непознат правец.

–  Појадокот го купиле оттука од најстарата сендвичарница во населбата, но сендвичите завршиле на улица откако Асани се дал во бегство во правец кон бензиската пупма.

Во комбето се превезувала и една затвореничка која била чувана од командирка на затворска полиција од женскиот оддел во Идризово. Токму таа го пријавила настанот  но откако се вратиле во затворот. Директорот на КПУ Идризово  за Сител вели дека се работи за голема  грешка на затворската полиција и службениците ќе бидат суспендирани. Тие не смееле ниту да ја менуваат рутата ниту пак да застануваат. 

„Се работи за чиста грешка и немарност на вработените бидејќи истите на своја рака излегле од протоколарната рута на возење. Настанот се случил додека се враќале од Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде затвореникот беше на закажан лекарски преглед. Службениците застанале да си купат сендвичи во близина на средното училиште „Михајло Пупин“ а затвореникот не бил ниту соодветно заврзан“, соопшти Боби Мојсоски, директор на КПУ Идризово.

Од сендвичарата каде појадувале стражарите , не сакаа да коментираат под изговор дека колешката која била на смена си заминала и не им пренела ништо. Во околината има и други сендвичарници а очевидци за Сител велат дека настанот се случил за време на големиот одмор на средношколците. Сведочат за  бркотницата од која слушнале дека затвореникот се качил во автомобил кој го чекал од спротива.

Бегството е пријавено во МВР и се трага по осуденикот кој е сторител на серија кривични дела. Во 2000 година сторил тешка телесна повреда, веќе во 2007та убиство во обид.

По неколку години учествувал во бунт во затворот Идризово а суден е и за насилство, загрозување службено лице и криумчарење мигранти.

Наместо 7 години и 7 месеци тој избега по година ипол помината во затворот.