Македонија
18. December 2018 - 22:15

Затворен за сообраќај патниот правец Македонска Каменица – Делчево

 Поради голем одрон на карпа, од 21 часот вечерва прекинат е сообраќајот на магистралниот пат А3 Македонска Каменица – Делчево кај местото Илиово.

Како што соопштија АМСМ и ЈП „Македонијапат“, сообраќајот е во прекин во двата правца и ќе се пренасочува.

Лесните возила може да се движат преку патниот правец Виница – Бигла -Делчево, а  тешките теретни возила само преку Берово.