Македонија
13. February 2017 - 14:55

Затворен мостот „Близнак“ поради пукната гасоводна цевка

Сообраќајот на мостот „Близнак“ во населбата Аеродром е затворен во двата правци поради пукната гасоводна цевка.

Полицијата потврди дека од 13:20 часот од безбедносни причини целосно е затворен сообраќајот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Перо Наков“.

Екипи од надлежните институции се испратени на терен и се работи на отстранување на дефектот.