Македонија
7. July 2016 - 16:13

Затворен британскиот Парламент поради сомнителен коверт

Британската полиција денеска ја затвори зградата на Парламентот поради „хемиски инцидент“ односно поради коверт со сомнителен бел прав.

Ковертот бил адресиран до еден од пратениците во Домот на лордовите.

- Полицијата е на лице место и го истражува сомнителниот пакет, соопшти портпаролот на лондонската полиција.