-->
-->
Затруените гостиварки се во добра здравствена состојба
-->
Двете гостиварки кои синоќа биле примени на Клиниката за токсикологија во Скопје со симптоми на малаксаност, вртоглавица и поспаност, откако претходно јаделе печурки кои сами ги собрале и веројатно биле отровни, се во добра здравствена состојба.
В.д. директорот на Клиниката, Нестор Поповски изјави дека на двете гостиварки веднаш им се направени потребните лабораториски испитувања и сите параметри се добри. Посочи дека ако резултатите од дополнителните испитувања се добри тие утре ќе бидат пуштени дома.
- Граѓаните кои не ги познаваат печурките не треба да ги собираат. Би апелирал да се избегнува да се собираат печурки во природа. При труење со отровни печурки страдаат повеќе органи, додаде Поповски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри