Живот
5. January 2018 - 10:50

Застрашувачко: Ветерот ги ниша скијачите на жичарница како на лулашка, останаа заробени среде снежната бура

На интернет се појави застрашувачко видео кое е направено во Австрија во моментот додека беснееше бурата Елеонор.

На снимката се гледа како неколку луѓе останале заглавени на жичара во австрискиот скијачки центар Ворарлберг.

Силните ветрови наеднаш ја запреа жичарницата, а може да се видат и нозете и скиите на скијачките како им висат од отворените седишта додека беснее силната снежна бура.