Живот
14. February 2018 - 21:43

Застрашувачка снимка во Истанбул: Двегодишно дете падна од втори спрат

Вистинска драма се одвивала во Истанбул, кога двегодишно дете се качило на прозор и висело на него. За среќа соседите забележале дека детето виси од прозорот на вториот спрат.

Со викотници се обидувале да ги известат родителите, кои во моментот биле дома, но не биле свесни дека детето цело време е на ивица на смртта. Соседите се досетиле да земат ќебе и да го рашират под прозорот.

Обидувајќи се да се качи назад дететот ги пуштило рацете од прозорот и паднало директно во ќебето.

За среќа, двегодишното дете не се здобило со никакви повреди.