Застанува речиси цела Германија поради масовниот штрајк на синдикатите
Во Германија денеска ќе се одржи најмасовниот штрајк во последните три децении, а лидерот на германскиот синдикат за услужни дејности „Верди“, Франк Вернеке, изјави дека штрајкот е прашање на опстанок на илјадници луѓе кои се борат за повисоки плати додека расте инфлацијата.
Според најавите на синдикатите, во Германија речиси се ќе запре, пренесува „Дојче Веле“.
Возовите нема да сообраќаат речиси воопшто, а од аеродромите ќе работи само Берлинскиот.
Градскиот превоз треба да запре во седум од 16-те провинции.
Штрајкот ќе остави милиони луѓе без редовен превоз, а патиштата најверојатно ќе бидат заглавени со автомобили.
Ваков предупредувачки штрајк свикаа двата главни синдикати, Синдикатот на железничарите и транспортни работници (ЕВГ) и Синдикатот на услужни дејности „Верди“.
Синдикатите бараат повисоки плати поради поскапувањата, како и подобри услови за работа за речиси 2,7 милиони вработени во јавниот сектор и транспортните дејности.
Од утре почнува новата рунда преговори.
„Верди“ бара зголемување од 10,5 отсто за јавните службеници, чии плати се еднакви на примањата на многу вработени на аеродромите или во јавниот превоз, но минималното зголемување да биде 500 евра месечно бруто.
Синдикатот ја одби понудата на работодавачот поскапувањето да биде пет проценти и да се изведе во два чекори, како и да се исплати еднократен износ од 2.500 евра.
На синдикатот ЕВГ слично му понудија и Германските железници и педесетина други железнички компании. ЕВГ го одбива ова, барајќи 12,5 отсто поголеми плати и најмалку 650 евра месечно.
Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење YouGov покажува дека 55 отсто од граѓаните го поддржуваат штрајкот.
Синдикатите најавија дека штрајкот ќе трае еден ден и дека состојбата ќе се нормализира веќе утре.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: Владата ја уништува демографски Македонија, стануваме држава без народ
-
Левица: Втор месец неисплатени плати на ваботените во Македонски Железници Транспорт
-
Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто
-
Столтенберг до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО
-
Детектор: Во последните години Македонија назадува во спроведувањето на европските реформи
-
Андоновски: Малите партии на СДСМ критикуваат во медиумите па си гласаат во Собрание
-
Детектор: Граѓаните со став – ЕУ нема да ни ги реши проблемите во судството, здравството и образованието
-
Зајкова: Претходната Влада вршеше притисок врз судството – сега не познавам некој од власта што врши притисок