Македонија
2. April 2018 - 14:13

Застанале со мотоцикл и му украле 2.400.000 денари кои само што ги извадил од банка

Украдени се 2,4 милиони денари од Д.К. (38) додека бил паркинг на булеварот „Јане Сандански“ зад експозитура на банка, од каде претходно ги подигнал парите.

Оштетениот во полицијата денеска околу 11:15 часот пријавил дека разбојништвото го извршиле две непознати лица кои дошле со мотоцикл. Рекол дека му се одземени околу 2.400.000 денари кои претходно ги подигнал од банката.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.