Македонија
26. јуни 2016 - 12:49

Заскитан куршум заврши во такси возило во Центар

Ноќеска во 03.20 часот во ЕИК-Скопје, Т.А.(1971) од Скопје пријавил дека додека со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, стоел на раскрсницата од ул.„Кузман Јосифовски Питу“и бул.„Кочо Рацин“, слушнал како се скршило задното ветробранско стакло.

Во тој момент во возилото немало патник. Откако паркирал забележал дека внатре во возилото се наоѓа проектил, непознат калибар, кој е подигнат за вештачење.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.