Засега со скратено работно време ќе работат само угостителите
Ограничувањето на работното време до 23 часот засега ќе важи само за угостителските објекти, вели вицепремиетот Битиќи. Тој посочи дека Комисијата за заразни болести утврдила дека овие места се ризик за ширењето на вирусот, но секако ако има предлог и за ограничување на работнто време и за други економски оператори секако ќе биде разгледано.
-Да вистина е дека првично беше најава за повеќе економски оператори, но Комисијата за заразни болести не се економски стручни за да направат разлика што е економски оператор и имавме една ситуација на интервенција. Укажавме на што точно се однесува и во овој моемент таа оценила дека само таму треба да има лимитирање од 23 мора и дека ризикот од ширење на заразатаа е токму таму, вели Битиќи.
Посочи дека ако Комисијата оцени дека има потреба и од нови ограничувања ќе се направи тоа, но сега не се размислува во таа насока.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор