Македонија
24. August 2022 - 20:50

Засега пријавени три поплавени објекти по невремето во Кавадарци

 РЦУК – Кавадарци известува дека територијата на општина Кавадарци во период од 07:30 до 20:00 часот била зафатена со силен дожд од околу 40 литри на м2, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд.

До овој момент пријавени се  три поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе.

-Подетални информации ќе добиеме од вонредна информација од РЦУК Велес, соопштија вечерва од ЦУК.