Loading Video...
Македонија
22. January 2021 - 20:37

Засега нема олабавување на мерките

Анализите во МАНУ дека во нашата земја не е детектирана позаразната мутација на коронавирусот која се појави во Велика Британија, според министерот за здравство не е сигнал за дополнително олабавување на мерките. Филипче изјави дека сите актуелни рестриции и понатаму остануваат на сила.

- Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, рече Венко Филипче, министер за здравство.

Вчерашното продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот е првото олабавување годинава. Но, претставниците на овој сектор се незадоволни со ваквата одлука. Бараат целосно укинување на ограничувањето на работното време и нови протоколи за нормално функционирање. Ако до 25 месецов не се реализираат нивните барања, угостителите најавија превземање порадикални мерки.