Македонија
24. October 2023 - 15:52

Засадени 150 стебла „канабис сатива“ на нива во сопственост на 75-годишен дедо

Полициски службеници од СВР Тетово вчера (23 октомври) околу 16 часот и 30 минути на нива во атарот на тетовското село Лешок, во месноста „Гладница“, сопственост на 75-годишниот С.Б. од ова село, пронашле над 150 стебла „канабис сатива“, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, извршен е увид, неколку од стеблата се подигнати за вештачење, а другите се искорнати и уништени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.