Свет
20. January 2016 - 18:37

Зариф: Не е можно избивање на иранско-саудиска војна

Не е можно да избие војна меѓу Иран и Саудиска Арабија, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф за време на Меѓународниот економски форум во Давос, јави ТАСС.

- Војна? Не, одговори Зариф на прашање за време на дискусијата, што се водеше на Форумот.

- Саудијците треба да сфатат дека конфронтацијата не е во ничија корист, истакна иранскиот министер за надворешни работи.

Тој нагласи дека сите политички сили во Иран го осудиле нападот врз саудиската Влада во Техеран, откако во Саудиска Арабија беше егзекутиран познат шиитски духовен водач.