Свет
23. July 2019 - 19:39

Зариф му честиташе на Џонсон

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф денеска му честиташе на Борис Џонсон откако тој беше избран за лидер на Конзервативната партија и ќе биде иден премиер на Велика Британија.

– Му честитам на својот поранешен колега, напиша Зариф на Твитер.

Зариф претходно ја обвинуваше Владата на Тереза Меј за заплената на иранскиот танкер, истакнувајќи дека тоа е „пиратство“. Тој тврди дека Иран не сака конфронтација, но оти Техеран ќе ги штити своите територијални води.

Иранските претставници тврдат дека танкерот што пловеше под британско знаме е запленет како одговор на британската улога во запленувањето на иранскиот нафтен танкер пред две недели во близина на брегот на Гибралтар.