Македонија
8. April 2019 - 11:00

„Заради достоинството на секој Македонец“ - Пратеникот Милошоски ја пречкрта „Северна“ во Стразбур

Антонијо Милошоски не дозволи да ја претставува,,Северна” Maкедонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа ! ГОРДО, ја пречкрта Северна !

Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец! – напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.

Инаку, во наредните 4 дена , делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.