Џет-Сет
5. May 2017 - 8:19

Запросена во Париз: Каролина Гочева кажа „ДА“, ова е избраникот на нејзиното срце

Тој праша, таа одговори ДА. Каролина Гочева се мажи, а Михаил Корубин е единствениот кој успеа да ја освои и да ја задржи наубавата македонска печајка.

Каролина и Михаил се на патување во Париз, а уметникот го избрал токму градот на љубовта и уметноста за да го зароби срцето на пејачката. Очигледно бил во право.

37-годишната Каролина и 31-годишнот Михаил се во врска околу две години, а врската долго ја криеја од јавноста.

Првата заедничка фотграфија на Каролина и Михаил

Првата заедничка фоторафија на Каролина и Михаил

Иако ваквите вести не остануваат долго тајност, и во чаршијата се шушкаше дека младиот уметник е во врска со Каролина, тие ја држеа љубовта подалеку од очите на јавноста, но ги потхрануваа љубопитните со фотографии од исти дестинации, но на кои го нема „другиот“. Сепак, првата фотографија од себе и љубовра, фотографијата од среќниот момент Каролина ја сподели со следбениците на Инстаграм.

karolina-mihail

Им честитаме и им посакуваме долга љубов.

karolina santorini