Живот
30. May 2017 - 13:42

Запознала момче во диско - Следниот ден објавила фотографија на Фејсбук, па следувал вистински пекол

Овие денови не можете да сокриете нешто едни од други, „благодарение“ на социјалните мрежи. Ова момче го дозна тоа на потешкиот начин.
 
Пипа и Мет се сретнале во диско и убаво се забавувале, па девојчето малце се заљубило. Меѓутоа, запишала погрешен број (многумина ќе си речат дека тој намерно и дал погрешен број), и кога следниот дел се обидела да го повика, наишла на ѕид.
 
Но, Пипа не дозволила тоа да ја спречи, следно што направила - на Фејсбук објавила фотографија од нив и напишала дека е во потрага на момчето.
Можеби се надевала на убав исход, но подоцна дознала дека Мет има девојка и сигурно не и се допаднала оваа потрага.