Технологија
28. July 2015 - 15:06

Запознајте го најбрзиот велосипед на светот!

"Specialized S-Works Venge ViAS" е најбрзиот велосипед на светот.
 
Велосипедот "дебитираше" оваа година на "Tour de France". Повеќе од 1.000 саати се поминати на негово тестирање и прилагодување. За него дури е изграден и посебен тунел во кој би се тестирал како би се  забележале и корегирале ситни недостатоци, а на крај , тестирањето резултирало со поголема брзина и аеродинамика.
 
Новиот рам е потполно прикладен со "Roval CLX 64" велосипедите, најбрзите кои некогаш се произведени од брендот.
 
"Specialized S-Works Venge ViAS" е најбрзиот велосипед кој можете да го купите денес на светот. 
 
Неговата почетна цена е 12.500 долари, а заедно со пакет аеродинамична опрема која вклучува кацига, обувки, одело и слично чини 22.500 долари.