Живот
7. February 2017 - 9:59

Започнува Фестивалот во Сан Ремо

Во театарот „Аристон" во Сан Ремо вечерва ќе биде отворено годинешното издание на Фестивалот на италијанската песна, што ќе трае до 11 февруари.

Во битката за Големата награда на Фестивалот во Сан Ремо годинава ќе учествуваат повеќе песни од вообичаено - 22 наместо 20. Меѓу попознатите изведувачи кои ќе настапат на Фестивалот се Бјанка Ацеи, Кјара, Лодовика Комело, Џузи Ферери, Елоди, Паола Турчи и Фиорела Маноја, Микеле Ѕарило, Ал Бано, Микеле Брави, Алесио Бернабеи, Клементино, Џиџи Д'Алесио, Марко Мазини, Франческо Габани, Фабрицио Моро, Емрал Мета, Рон, Самуел и Серџо Силвестре.

Наредниве пет дена, како специјални гости на Фестивалот ќе ги видиме и Рики Мартин, Роби Вилијамс, Киану Ривс, Раул Бова, Франческо Тоти, Мика, Алесандро Гасман и Ѕукеро.