Започнаа претседателските избори во Франција
Oд осум часот изутринава отворени се 69.245 гласачки места во Франција, каде се повикани да гласаат 45,7 милиони гласачи во Франција и 1,3 милиони француски гласачи кои живеат во странство, на првиот круг од претседателските избори, на кои има единасет кандидати, јавува дописникот на МИА од Париз.
Избирачите од прекуморските департмани и територии на Франција, кои се наоѓаат на другите континенти гласаа вчера.
Првите неофицијални резултати, односно проценки ќе бидат соопштени по 20 часот, по локално време, кога ќе бидат затворени последните гласачки места.
За прв пат годинава гласачките места во најголемиот дел ќе затворат во 19 часот, практиката беше вообичаено 18 часот.
Предизборната кампања за претседателски избори 2017 беше непредвидлива. Ништо не одеше според планираното, а така може да биде и при гласањето, посебно ако се знае дека само неколку часа пред гласањето, меѓу една третина и една четвртина од избирачите се уште немаа направено избор мешу единаесетте кандидати, посебно кај симпатизерите на лезвицата. Според анкетите атенатотот на Шанзелизе не влијае на ориентацијата на гласачите.
Околу 50.000 припадници на силите за безбедност ќе го обезбедуваат гласањето, бидејќи покрај опасноста од тероризмот, Централната дирекција за јавна безбедност стравува од инциденти во случај да има квалификација во вториот круг на кандидатот на Националниот фронт, Марин Ле Пен, или на Жан-Лук Меланшон Бунтовна-непокорна Франција,. Тогаш се стравува од акции на крајно-левичарските движења кои би можеле да преминат во акција.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана