Бизнис
17. November 2015 - 19:54

Започна предвремениот откуп на тутунот, тутунарите очекуваат повисоки цени

Само една од вкупно деветте пријавени откупни компании вчера започна со предвремениот откуп на тутунот од годинашнава реколта, која откупила 370 килограми тутун, а за утре страт на откупот најави и прилепскиот Тутунски комбинат.
 
Според Сојузот на тутунски здруженија, до крајот на неделева уште две откупни компании треба да старуваат со предвремениот откуп. Ако се има предвид квалитетот на родот, како и зголемената побарувачка, тутунопроисводителите годинава очекуваат  повисоки откупни цени
 
Според најавите, годинава во земјава произвдени се 21 илјада тони тутун, а откупувачите побаруваат 25 илијади тони. Кавлитетот на произведениот тутун е добар, но, актуелните временски услови не се погодни за негова манипулација, па, веројатно поголемиот број тутунопроизводители ќе го чекаат редовниот откуп кој започнува на 15-ти декември.