Македонија
28. November 2016 - 14:44

Започна новогодишното украсување на Скопје

Град Скопје и оваа година, традиционално, го реализира Прoект за новогодишно украсување и декорирање кое е во тек и треба во наредните денови да го разубави празничниот лик на Скопје.

Епицентарот на декорирањето е поставување централна новогодишна елка,  повисока од 18 метри со светлосни и други украсни елементи на плоштадот „Македонија“, како и  негово украсување и декорирање со светлосни украси и ефекти. Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следните улици:

  •     Булевар „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Френклин Рузвелт“,
  •     просторот пред Владата на Република Македонија,
  •     ул. „Даме Груев“,
  •     Булевар „Партизански одреди“ до раскрсницата со бул. „8 Септември“ и платото пред Универзална сала,
  •     ул. „Димитрие Чуповски“,
  •     ул. „11 Октомври“,
  •     Булевар „ВМРО“,
  •     ул. „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до  раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“,
  •     просторот пред Судската палата и бул. „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“до Влада на Република Македонија,
  •     Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам,
  •     украсување на Паркот „Жена борец“,
  •     украсување на просторот пред црквата „Св. Богородица“,
  •     украсување на плоштадот „Филип Втори“, пред црквата „Св. Димитрија“,
  •     украсување на улица „Македонија“,
  •     Бул. „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на „Нова Македонија“,
  •     Плоштад Пресвета Богородица,
  •     Булевар Крсте Мисирков до крстосница со улица Цветан Димов
  •     Булевар Христо Татарчев до крстосница со булевар Гоце Делчев, до раскрсница со улица Цветан Димов,
  •     Булевар Александар Македонски од крстосница со улица Беласица до крстосница со улица 16 Македонска бригада.

Декорирањето ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел  Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.

Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017  година.