Македонија
28. јуни 2016 - 11:09

Запленети златници вредни 5.000 евра скриени во женски чорап

Царината откри 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој патувајќи со македонски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Струга, се пријавил за влез во државатана граничниот премин Богородица.

Во преден џеб од панталоните на патникот, замотани во црн женски чорап, се пронајдени 12 турски монети, 10 монети од француска република и 3 австриски монети, изработени од 18 каратно злато, чија вредност е проценета на околу 290 илјади денари.

Монетите се привремено задржани а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.