Македонија
29. January 2018 - 21:11

Запленети над 300 килограми марихуана на ГП Богородица

На граничниот премин Богородица македонската Царина заплени над 300 килограми марихуана.

Според информации на МИА, најверојатно дрогата е запленета вчера во камион со грчки таблички, управуван од грчки државјанин.

Царинската управа за утре најави прес-конференција, на која ќе бидат објавени повеќе детали за случајот.