Македонија
20. December 2020 - 20:39

Запленети близу 30.000 парчиња пиротехнички средства, приведен тетовец

Вечерва (20.12.2020) околу 17.30  часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27594 парчиња разни пиротехнички средства.

Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.