Македонија
4. May 2021 - 15:47

Запленета дрога, приведена жителка на Куманово

Лишена од слобода 37-годишна кумановка во чиј дом полицијата пронашла повеќе пакувања со кафена и бела прашкаста материја. 

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од СВР Куманово денеска ја лишиле од слобода 37-годишната С.Ј од Куманово, бидејќи при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.