Живот
19. November 2015 - 12:56

Запалија свеќи за жртвите во Париз – роднина на терористите го изненади светот

Во Брисел илјадници луѓе присуствуваа на бдеењето во Моленбек, во близина на станот на браќата терористи Ибрахим и Салах Абделсалам.

Како што јавува репортерот на Би-Би-Си, Рон Браун, свеќите на балконот на станот во кој живеат родителите на двајцата терористи ги запалил третиот брат Мохамед Абделсалам

Бдеењето „за сите жртви на тероризмот и политичкото насилство во светот“ во квартот Моленбек, кој беше прогласен за европска џихадистичка престолнина во деновите по нападот во Париз, е организирано во обид да се тргне негативниот имиџ на бриселскиот кварт.

Погледнете го видеото: