Живот
31. March 2016 - 18:12

Замина во легендите: Почина познатиот писател

нгарскиот писател и добитник на Нобелова награда за книжевност Имре Кертес почина денеска на 87 годишна возраст, соопшти издавачката куќа „Магвето“.

Кертес починал во својата куќа во Будимпешта по долго и тешко боледување, пренесе Танјуг.

Нобеловата награда за книжевност ја доби во 2002 година.

Кертес има еврејско потекло, а во 1944 година е депортиран во Аушвиц, а потоа во Бухенвалд, од каде е ослободен во 1945 година.

Негови дела се: „Човек без судбина“, „Иста приказна два раскази“, „Ликвидација“,„Досието на К.Кадиш за нероденото дете“, „Фијаско“ и многу други.