Македонија
30. January 2023 - 16:31

Заменикот народен правобранител бара одговор од институциите за алетрнативното гориво на Скопската цементарница

Со слики на кои се гледаат купишта отпад во дворот на цементарница УСЈЕ заменик народниот правобранител бара надлежните да утврдат што се гори компанијата. Андоновски веќе формирал предмет со кој бара надлежните инспекторати да излезат на терен.

Државниот инспекторат за животна средина пак тврди дека нема ништо незаконско, бидејќи цементарницата користи одобрени алтернативни горива.

Алтернативното гориво кое се користи не потекнува од увоз, увозот е законски забранет  и истото потекнува исклучиво од домашни правни субјекти и се состои од отпадна оризова арпа, отпадни делови од текстил, отпадни делови од пластика, етикети, појаснуваат од инспекторатот

Но ваквото објаснување според Андоновски не е доволно.

На почетокот на месецот цементарница УСЈЕ беше казнета со 200 000 евра поради загадување на воздухот во главниот град. Контролите на инспекциите покажаа надминување на прагот на ПМ честички во периодот кога котлите наместо на гас, работеа на мазут.

Ова беше причина Цементарница УСЈЕ да заработи и кривична пријава од градоначалничката Арсовска, а советниците во Град Скопје на последната седница ја поддржаа иницијативата за поставување мерна станица кај компанијата преку која континуирано ќе може да се следи квалитетот на воздухот.