Македонија
22. May 2018 - 13:27

Залутан куршум преплаши скопјанец

Залутан куршум уплаши скопјанец. Како што информираат од полицијата, вчера  околу 11.30 часот, О.З. (49) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.00 до 23.00 часот на 20.05.2018, во објект на ул. „Јадранска магистрала", од залутан проектил било оштетено стаклото од излогот.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.