Законските измени за интервентен откуп на оризот го поминаа првиот собраниски филтер
Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска едногласно го поддржа Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој кој треба да се донесе по скратена постапка.
Со измените, како што стои во предлог-текстот, ќе се овозможи мерките за стабилизација
на пазарот, пред се интервентниот откуп, да се применуваат не само за пченицата, туку и за
оризот.
-Поради катастрофалната состојба во која се наоѓаат оризопроизводителните, неопходна е измена на Законот. Состојбата во оризопроизводството се наоѓа во критична фаза, за што е потребно кон оваа
земјоделска култура државата да има посебен однос. Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно, ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните шпекулации, рече пратеничката од СДСМ Даниела Колева, образложувајќи ги измените.
По денешното усвојување во матичната собраниска Комисија, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој треба да се најде на пленарна седница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати