Бизнис
21. January 2020 - 16:42

Законски измени на рудниците ќе им се одземаат концесии и по барање на локалните жители

Нови правила за одземање на концесиите на рудниците. Од асоцијацијата на рудари не знаат за новините. Според измените во предлог законот кој денеска влезе во собраниска процедура, државата ќе може еднострано да го раскине договорот за концесија ако има претставка од граѓани за опасност по здравјето, која е потпишана од половина од жителите во населеното место влиску до локацијата на концесионерот.

Целта според подонсителот на законот е е двете страни да се задоволни – да се реши барањеро на населението, но и да нема проблеми за концесионерот кој ќе добие понуда да го промени локалитетот.

Но, за рударите ова решение е штетно. Од нивната асоцијација велат дека за досега воопшто не биле консултирани по ова прашање.

Засега, Македонија се соочува со тужби од две компании пред странска арбитража. Еуромакс рисорсис ќе бара 300 милиони евра за раскинатата концесија за рудникот Иловица, а Сардич МЦ 350 милиони евра за Казандол.