Законот за одбрана ќе се усогласува со обврските и правилата во НАТО
Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, чија цел е усогласување на законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО.
-Законот за одбрана се менува и дополнува со цел да се усогласи законодавството од областа на одбраната со обврските и правилата во НАТО, особено во сегментот на применливоста на членот 5 од Северноатлантскиот договор. Овој член ја уредува надлежноста на Владата за одлучување за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави, внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката, соопштија од владината прес-служба.
Откако на вчерашната седница министрите во Владата го разгледаа и утврдија новиот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана, одлучија тој да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска