Македонија
12. February 2020 - 12:27

Законот за обвинителство помина на комисија, Џафери треба да одлучи кога ќе има седница

Законот за Јавно обвинителство помина на собраниската комисија за европски прашања во скратена постапка.
 
Не беше прифатен амандманот на Алијанса на албанците со кој бараа бомбите да служат како докази и за предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017 година.
 
Амандманот на Панчо Минов пак воопшто не се разгледуваше, бидејќи според претседателот на комисијата Артан Груби, не бил доставен согласно процедурата.
 
По завршување на седницата, Груби изјави дека сега законот е во рацете на Собранискиот спикер Талат Џафери кој како што рече Груби, кога ќе има сознанија дека е обезбедено потребното двотретинско мнозинство, ќе ја закаже и пленарната седница. Груби додаде дека во законот биле вметнати нивните забелешки со што и ќе дадат поддршка за законот.
 
Зоран Јаневски