Македонија
17. September 2020 - 16:45

Законите за образованието предизвикаа поделени реакции

Иако пратениците едногласно ја утврдија потребата од  измена на законите од образованието за одржување на настава во услови на Ковид Пандемија сепак нема политички конзенсус меѓу власта и опозицијата за нив.

Власта и понатаму смета дека државата добро е подготвена за старт на учебната година, а законските решенија ќе и дадат можност на Владата да одлучува за онлајн или физичка настава, за почеток и крај на учебаната година и распустите, како и за должината на часовите согласно епидемиолошката слика.

Министерката за образование Цароска вели дека онлајн наставата секако ќе почне на 1-ви октомври, додека пак, за физичката настава ќе одлучуваат бројките на заразени.

Опозицијата пак, најавува амандмани на законските решенија бидејЌи со нив не се решвааат проблемите кои можат да се јават при вака според нив лошо организирана учебна година.

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара компијутерите за децата потребни за онлајн настава да бидат обезбедени од државата, а негодува и за тоа што при носењето на владината уредба за текот на наставата во услови на пандемија, мнистерот з аобразование нема никаква надлежност.