Заклучоци на Европскиот совет за бегалците
Како одговор на мигрантската криза со која се соочува ЕУ, целта мора да биде брзо запирање на приливот на бегалци, заштита на надворешните граници на ЕУ, намалување на илегалната имиграција и заштита на интегритетот на Шенген зоната, е главниот заклучок на Европскиот совет, кога станува збор за бегалците.
Меѓу останатите заклучоци, објавени на сајтот на Европскиот совет, по првиот ден на самитот на европските лидери во Брисел, посветен на мигрантската криза и останувањето на Британија во ЕУ, се наведува дека континуираниот нерегуларен прилив на мигранти долж западнобалканската рута останува сериозна причина за загриженост.
- Тоа налага натамошна акција и окончување на пропуштањата и некоординирани мерки по должина на таа рута, земајќи ги предвид хуманитарните последици по загрозените држави-членки, се наведува во заклучокот.
Исто така се констатира дека хуманитарната ситуација на мигрантите по должина на западнобалканската рута налага итна акција со користење на сите расположливи национални средства на ЕУ за да таа се ублажи.
- За таа цел Европскиот совет го смета за нужно сега ЕУ да поче да пружа хуманитарна помош интерно, во соработка со организации како што се УНЦХР, и да ги поддржува земјите кои се на удар на најголемиот прилив на бегалци и мигранти, се наведува во заклучоците.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница