-->
-->
Захарова: Сириските терористи подготвуваат провокации
-->
Сириските терористи подготвуваат провокации користејќи хемиско оружје во источниот дел на Сирија во Гута, со цел да ги оправдаат американските напади врз сириските владини сили, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Според информациите со кои располагаме, сириските терористички групи планираат да изведат провокативни акции со употреба на отровни хемиски гасови, со цел да ги оправдаат американските напади врз позициите на сириските владини сили, истакна Захарова.
- Акциите веројатно ќе бидат изведени во населбите каде сириската Влада нема пристап, меѓу кои е и бунтовничката енклава во источниот дел на Гута, каде претходно беа испорачани токсични агенси, наведе Захарова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада