-->
-->
Захарова: Без помошта од Запад режимот на Зеленски нема да издржи ниту еден ден
-->
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на прес-конференција го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека прави „сè што му диктира Западот“ и со тоа „продолжува со воените операции до последниот Украинец“.
-Зеленски е подготвен да ги жртвува животите на своите граѓани сè додека пристигнува финансиска и воена помош од Западот. Без неа, властите во Киев нема да издржат ниту еден ден, рече таа.
Да потсетиме, според анкетите на јавното мислење, огромното мнозинство Украинци го поддржуваат начинот на кој Зеленски ја води Украина од почетокот на руската инвазија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата