Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се надева дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања ќе продолжи со својата работа веднаш по завршување на парламентарните избори во земјава.
– Нашата позиција е јасна. Не сакаме да ги политизираме комисиите. Тоа е двостран процес. Тука ситуацијата е предизборна и тоа не е тајна за никого. Се надевам дека кога ќе завршат изборите, независно што ќе се случи на нив, веднаш комисијата ќе продолжи да работи затоа што тоа е исполнување на договорот што го потпишавме и покажува зрелост независно кој е на власт, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје.
Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.
– Имаше такви најави, но се надевам дека тоа е во знакот на предизборната кампања, рече Захариева.
Ново на Сител
-
Вработените во културните институции преку протести си ја бараат изработената плата и покачувањето кое им следува
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците