Македонија
31. October 2020 - 17:05

Захариева: Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на прашањето за македонското малцинство во Бугарија

10 дена пред состанок на Европскиот совет, Захариева ги зацврстува бугарските позиции и заканите за вето. Во изјава за Ројтерс бугарската министерка за надворешни работи вели дека Македонија мора да признае дека нејзиниот идентите и јазик имаат бугарски корени, ако сака да ги почне преговорте со Европската унија.

Нашата загриженост доаѓа од бесконечните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе стави крај на ова.

Ако Северна Македонија се согласи, Софија е подготвена да го признае македонскиот како еден од официјалните јазици во Северна Македонија и да признае македонски идентитет.

Ние не го оспоруваме нивното право на самоопределување, ниту нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат. Подготвени сме повторно да ги потврдиме моменталните реалности, но тие мора да ја признаат историската вистина “, вели Захариева за Ројтерс.

Од најголемата опозициска партија и денеска ги повикуваат првите луѓе во Владата да откријат што се преговара со Бугарија, за македонските граѓани да не ги дознаваат информациите од бугарските медиуми.

„Треба да бидат еднаш искрени кон граѓаните, да излезат и да кажат се она што е разговарано на тема договор со нашиот источен сосед Бугарија, за да граѓните не бидат манипулирани. Не е фер за граѓаните да дознаваат од бугарските политичари и медиуми што се разговара помеѓу Зоран Заев, Османи и Никола Димитров и претставниците од нашиот источен сосед“ вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што и претходно најави, градоначалникот на Куманово денеска заедно со протесно писмо му го врати орденот на бугарскиот вицепремиер Каракачнов добиен по повод заедничкото одбележување на битката кај Страцин од Втората светска војна.

Во писмото Димитриевски посочува дека овој гест е резултат на јавните изјави на Каракачанов во кои се негира македонскиот народ, државност и јазик.

Ако создавате разлики не покажувате проевропски вредности, туку вредности кои немаат никаква заедничка точка со Европската унија, каде што сите се стремиме и чии вредности треба да не зближат како народи и држави.

Проблемот не е во отстранувањето на плочите на спомениците од Втората светска војна, тие се историски факт и реалност кој што треба да се прифати. Проблемот е во реториката и непотребното подгревање на тензии, кои веројатно поради личниот популизам, негираат еден народ и соседна држава, за која и двајцата сме согласни дека граѓаните се чувствуваат за блиски и свои, пишува Димитриевски во писмото  во кое  го повикува Каракачанов да ги почитува проевропските вредности и кон бугарскиот и кон македонскиот народ, кој се стреми да биде дел од ЕУ-семејството.