Балкан
26. јуни 2022 - 12:45

Загинаа четири момчиња кои се враќале од забава во сообраќајка кај Чачак

Неколку часа по полноќ на локалниот пат од Чачак кон село Јанчиќи се случи тешка сообраќајна несреќа, при што животот го загубиле четири момчиња.

„Се враќале најверојатно од некоја забава, по што возачот загуби контрола врз автомобилот и излета од патот. Ова е трагедија, имале само по 18 или 19 години“, вели еден од жителите.

Српската полиција со детална истрага ќе ја утврди точната причина за несреќата.