-->
-->
Загина пешак во тешка сообраќајка во Куманово
-->
Едно лице загина, откако во него удрил автомобил во кумановската населба „Иго Тричковиќ“, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во 16:10 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на бензинската пумпа „Роси Петрол“, кога возачот на автомобилот „голф“ со кумановски регистарски таблички, 31- годишниот Д.Т удрил во пешакот С.Т (1941) од кумановското село Арбанашко.
Жената починала од здобиените повреди, потврдија од одделението за хирургија од Кумановската болница.
Увид на местото изврши екипа на СВР Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024