Македонија
5. July 2018 - 10:47

Загина пешак во сообраќајка во Чаир

Педесет и петгодишниот И.К. од Скопје загина синоќа откако патничко возило „Ауди А3“ со турски национални ознаки, управувано од Џ.Ш. (28) од Скопје, удрило во него на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир.

Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 20:20 часот. 

- Од ударот, И.К. се здобил со тешки телесни повреди  и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде по кратко време починал, наведуваат од МВР. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.